Дoбредојдовте !!!

Борба против пиратерија

Борбата против пиратерија започна на 6-ти септември минатата година и трае до денес. Во првата фаза, во соработка со Медиа Принт Македонија, со секој купен дневен весник (Дневник, Утрински весник или Вест) и доплата од 90 денари секој потрошувач можеше да добие еден од 6-те оригинални наслови со превод на македонски, албански и српски јазик.

Секој од филмовите беше отпечатен во количина од 20-30.000 примероци или вкупно за оваа намена беа отпечатени 200.000 DVD филмови, а продадени се околу 180.000 примероци. Во втората фаза остварена е соработка со дневниот весник Време и со секој купен дневен весник Време и доплата од 150 денари потрошувачите имаа можност да се здобијат со оригинални филмски наслови на DVD. Оваа акција траеше од април до јули 2005 година. Во оваа фаза отпечатени се вкупно 6 наслови во количина од 20.000 примероци по наслов или вкупно 120.000 DVD изданија. Беа продадени вкупно 90.000 филмови на DVD. Вкупно во двете фази, продадени се околу 270.000 DVD примероци што претставува највисока бројка на продадени филмови во Македонија на DVD формат.

Читај повеќе...
plus minus gleich
Bambino

Списание за деца Бамбино

Е-пошта Печати PDF

Почитувани,

Од декември 2009 година, С.В.-РСА започна со издавање на  списанието за деца „Бамбино“ на македонски јазик. „Бамбино“ веќе неколку години се издава во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, a сега и во Македонија. Авторските права за издавање на списанието и видео материјалите на ДВД формат за Македонија ги откупи С.В.-РСА.

„Бамбино“ е месечник наменет за деца на возраст од четири до десет години и изобилува со едукативни содржини кои се прилагодени на возраста (приказни во слики, математички и логички задачи, боенки, рубрики за запознавање на животните и природата, лавиринти, цртежи со разлики, игри на табла, спојувалки, рубрика за технолошки изуми, спортска рубрика, енциклопедија за деца и др.).

Покрај печатената содржина, „Бамбино“ во секое свое издание подарува ДВД со видео содржини соодветни на возраста: сериски цртани филмови, филмувани литературни дела и документарни програми за деца од реномирани светски продукциски куќи. Сите програми се синхронизирани на македонски јазик.

Списанието “Бамбино” излегува еднаш месечно, во тираж од 5.000 примероци и се  продава на сите поголеми и помали продажни места.

          

 

Списанието се печати во Сити Принт - Скопје
Повеќе...